logo
logo
logo

Рачун без косовски крчмар

Vecer | 31.07.2021

Рачун без косовски крчмар

Ваљда ЦИА знае што работи. Иначе, коа би останало да мутат и комбинираат оние три клапуши, работава би била ‘‘доџи ми вечерас‘‘! Оној нашион мање више ке се согласи на се што ветува дека државава ке опстане некако, ама оние двојца се волци во јагнешка кожа.

Некако, комбинацијата Геџа, Чокалија и Шипац да градат куќа во време на сеуште не исушена крв до колениците ме потсеќа на басната ‘‘Волкот и трите прасиња‘‘, кој е волкот? Па, кој може да биде? Оној што дава инструкции а башка ‘‘дозвола‘‘. Да ви цртам!?

Во географска слика во која како и да свртиш треба да поминеш низ автопатот накај Тирана кој води преку Косово, ситуацијата е безмалку ‘‘ќорава работа‘‘. Главната сообраќајна артерија освен воздушната води преку пашалукот на ОВК.

А србите ‘‘ не јебу ни 2% државу‘‘ која је колевка србства. А, Рама клима со глава и вика ‘‘ где сте брачо Срби‘‘, па нема државе без вас! Кој кого ебе у мозак у целава консталација! Нашево дете сигурно не ебе никого пошто овие се двометраши а он меѓу нив двојца изгледа ко да е ‘‘лева полутка у ФК Балкан‘‘ од Чаир. Клима со глава и вика ‘‘Yess,.. yess‘‘!

Повторувам, ваљда ЦИА знае што работи.

Проектот Мини Шенген ( јебо те Шенген) се преименува во Отворен Балкан кој за умните луѓе отвара многу прашања. Прво, без Косово па нагоре не е Балкан, туку е ‘‘Офшор‘‘ политички сателит. Фул отварањето на проектот е 2023 година, до кога допрва ке има политички фртутми за пеглање на релацијата Белград – Приштина. Стап мој! Се ќе виси у ваздух во време на се по актуелни националистички испади. А, самата нестабилност боље речено ‘‘ све виси и се е отворено‘‘ само на една страна и одговара. Кој?! Пак да ви цртам?!

И некој ќе рече, ‘‘ а бе ако одлучиле америте, кој ги ебе‘‘! Е, да! Ионака до тогаш ќе има време да се заебааме медиумски во стилот ‘‘ еве градиме боља иднина, ама ти народе си нестрплив‘‘. И политичарите среќни што имаат ‘‘прича‘‘, и народот ко вол у купус ќе се занимава со ‘‘Трета мајка Југославија‘‘! Јебо те која јебачина!!!

И тоа во регион во кој владеат (наводно , де, јас не знам) – криминогени структури! Рај!

Јас лично сум следбеник на светот без граници така да воопшто не се поставува прашање дали да отвараме граници. Дај боже да нема граници до Владивосток, а камо ли до Белград и Приштина. Арно ама! Ајде да бидеме искрени и да анализираме како тоа Балкан може да функционира без граници.

Како прво, Во долгогодишни проекти на ‘‘големи држави‘‘ и ултра пропаганда на бусање во гради кој е поголем Србин, Македонец, Албанец или кој и да е, структурата која треба да профункционира се соочува со многу ‘‘ офсајд замки‘‘. Една од тие е и негувањето на поликултурата не како таква, туку како полиантагонизам.

Некој ке рече, а бе коа ке види пари народ ке заборави све! Е, да, ама колкава е масата на политичката сцена која егзистира токму од тие антагонизми.

Реинсталацијата на новиот модел на политичари на балканот ке биде болна. Огромен број на оние кои профитираа во овие времиња треба да се ничкоса. Е стап мој! Тие станаа газди кои нема така лесно да се одречат од начинот на кој ‘‘ зараџују лебац‘‘. А тоа е деструктивизмот врз основа на етничка, религиозна и секаква меѓучовечка разлика.

Од друга страна, ЦИА добро знае што прави.

Како во една шаховска игра, релацијата Белград – Приштина ке треба да се реши ем експресно, ем да се сочува Косово како република, ем да се и едните и другите задоволни. А, како тоа ке се реши, допрва ке се смееме. На Белград ке му се затвори уста со инвестиции и со ‘‘обечања за бољи живот и будучност‘‘, на Косово ке му се дадат инструкции како да ќари од тоа што ке биде ‘‘раскрсница‘‘ со ‘‘строга претња‘‘ да не се заебаа со Белград , а ‘‘северно Косово‘‘ со отварањето на границите бездруго ке си биде ‘‘Србија‘‘! Е, сега била администрација,... ма јебала те она!

Србија ке си има излез на Јадран ‘‘ко да је кучи‘‘. Што сакаш боље! Како стојат работите, Голема Србија ќе биде наместо ‘‘до Токија‘‘, до Саранда. Ако се отвори и придружи и Босна, ‘‘ето ти Србије вече него икад‘‘! Фигуративно де!

За Вардарска Бановина ниту не праиме муабет!

Таа е среќна што си остана официјално Македонија неподелена на начин на каков ‘‘ се претеше‘‘. Башка, среќна што ‘‘истокот‘‘ не го зимаат бугарите, со кои не заболе ташак како ќе се одвиваат работите и конечно ‘‘може ветото да си го стаат у Г‘с‘‘ зошто ние тука праиме ‘‘мини Европа бе‘‘! Не мора да влегуеме у ‘‘големата‘‘ едно време.

А, у суштина, Македонија никад нема да биде по – поделена! Земете микроскоп! Суштината е таа, а знаете зошто!? Еве зошто!

‘‘Етничка Албанија‘‘ е Ante Portas! Откога Косово како раскрсница не клоци ке ја пикнат во таа мини унија, оти без него како конобар нема финален рачун, работата ќе биде ‘‘ где има и једног Шиптара ту је Албанија‘‘. Западна Македонија која веќе има свој официјален економски апарат на ‘‘Северозападна Македонија‘‘ го заболе ташак како е локално ситуацијата.

Културолошки, етнички, како год сакате, спремен сум со живот да гарантирам дека границата каква што е на тромеѓата Македонија – Косово – Албанија, никогаш повеќе нема да може никој да ја затвори. ‘‘Па да се јебеш‘‘!

Македончето ќе го засили ‘‘комитството‘‘ за да си го задржи воопшто амбиентот на она ‘‘ а бе знаеш ли кој сум јас‘‘! Да не е економски фактор кој ке инвестира у Албанија и Србија?!

Ќе профитираат неколку приватни фирми и – чао! Ние сме распродадени во најголем дел, а во оној мал ке инвестираат Срби и Албанци. А знаете зошто!? Затоа што сме си – копуци!

Јас лично и се радувам на оваа иницијатива. Ако ништо друго, како стар југоносталгичар, признавам. Иако, ова што се случува во споредба со Југославија е исто како да тврдиш дека Крале Марко свирал у ‘‘Pink Floyd‘‘.

Кој ќе биде најголемиот ‘‘ќарлија‘‘? Само приватниот бизнис. Државниот да беше асален и перспективен немаше потреба од унија. Граничните линии ионака ќе можеа да бидат само административни, во смисла ‘‘проџи Миле без пасоша‘‘!

Јебо те ‘‘Отворен Балкан‘‘! Тој одсекогаш низ историјата бил крвав. Туку, кога сме кај балканот, она што засега останува како надеж е дека ќе покажеме дека и историјата доживува еволуцијаа, па, ‘‘ваљда‘‘... повторувам ваљда ни дошол памет.

Море, знае ЦИА што прави! Едно време ќе ни пушти ‘‘вода под г‘с‘‘ да уживаме ( колку се може) се додека не и затреба некоја војна. Зошто, балканот бил и ке остане ‘‘ мала бара – много крокодила‘‘! Лажам!?

Ако јас лажам, историјата – не!

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk