logo
logo
logo

Живко Мукаетов втор најбогат Македонец по Илија Гечев

Vecer | 01.01.2023

Живко Мукаетов втор најбогат Македонец по Илија Гечев

Изданието Недељник.рс викендов ја апдејтуваше проширената листа на најбогати бизнисмени од регионот, откако пред два дена името на Илија Гечев се најде на 18-тото место на најбогати во регионов како единствен Македонец милијардер.

Денеска беше објавена листата од 31-то до 40 место на најбогати од регионот, а во овој дел од рангирањето се најде Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на фармацевтскиот гигант АД Алкалоид од Скопје.  На 38.место на листата, неговото богатство се проценува на 651.330.000 евра.

Инаку рангирањето е составено од експерти од две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза, користејќи релевантни параметри од Stern School of Business New York University (и компаративните компании) и ги вклучија во анализата резултатите од пазарните трансакции во регионот и светот.

Во креирањето на списокот се вклучени и водечките медиуми во регионот: словенечкиот дневен весник Finance (и порталот Finance Manager), хрватскиот економски неделник Лидер, босанскиот неделник Дани (Ослобоѓење) и реномирана медиумска куќа од Северна Македонија, која сакаше да остане анонимна.

Со оваа листа не сакаат да покажат колку пари располагаат во моментов овие бизнисмени. Она што го покажуваат е колку вредат нивните компании и колку пари би можеле да добијат ако, да речеме, денес се продаваат.

https://vecer.mk/makedonija/koj-e-ilija-gechev-prv-milijarder-od-makedonija/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk