logo
logo
logo

Збогум Русијо: СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНО ЕВРО

Vecer | 25.08.2023

Збогум Русијо: СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНО ЕВРО

Холандскиот производител на пиво Хајнекен денеска соопшти дека ја напуштил Русија и ги продаде своите пивари во оваа земја за симболично едно евро.

Како што објави холандскиот јавен сервис НОС, купувач е руската индустриска групација Арнест, која се обврза на рати да исплати околу 100 милиони евра од корпоративниот долг на Хајнекен.

Хајнекен, кој имаше седум пиварници и 1.800 вработени во Русија, ги проценува трошоците за напуштање на рускиот пазар на 300 милиони евра.

Сите производи на брендот Heineken веќе се повлечени од рускиот пазар во 2022 година, а производството и продажбата на Amstel ќе бидат прекинати во следните шест месеци.

Хајнекен нема да обезбеди дополнителна поддршка за брендот или нема да добива никакви приходи, авторски права или друга компензација од Русија.

„Повлекувањето од рускиот пазар траеше многу подолго од првично очекуваното, но оваа трансакција ја обезбеди иднината на нашите вработени во Русија и ни овозможи да ја напуштиме оваа земја на одговорен начин“, рече извршниот директор на Хајнекен Долф ван ден Бринк.

Компанијата Хајнекен беше присутна во Русија околу 20 години, но овој пазар не беше многу профитабилен за холандскиот производител на пиво.

Во договорот не се споменува можност за откуп, од што произлегува дека Хајнекен нема да се врати во Русија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk