logo
logo
logo

Возењето ЕВ е најскапата опција

Vecer | 06.08.2023

Возењето ЕВ е најскапата опција

Американскиот пример покажува дека постои важна причина зошто многу возачи сè уште чекаат да купат електричен автомобил (ЕВ). Евтиното гориво и релативно скапата струја се причина за размислување -се  префрлате на електричен автомобил или останувате со класични возила?!

Студијата на Anderson Economic Group покажа дека на поминати 100 милји, има многу возила со мотор со внатрешно согорување кои се поевтини за возење од компаративно електрично возило. Барем кога се гледаат трошоците за енергија/гориво.

Компактните и малите автомобили и кросовери користат просечно 9,78 долари на 100 милји. Тие вклучуваат возила како што се Nissan Versa, Honda Civic, Hyundai Elantra, Subaru Impreza и Mitsubishi Mirage.

За споредба, компактните и мали електрични возила како Nissan Leaf и Chevrolet Bolt добиваат домет од 100 милји за 12,55 долари кога се полнат дома.

Кога се полнат на бензински пумпи, цената е 15,97 долари за 100 милји, пишува ХАК Ривју.

Со поголемите автомобили ситуацијата се менува.

Додека возењето типично возило на бензин како BMW 5 серијата, Porsche Macan и Audi A6 чини во просек 17,56 долари на 100 милји, електричните луксузни автомобили како Porsche Taycan, Tesla Model 3 и Polestar 2 ќе поминат 100 милји за 13,50 долари, ако се полни во домашните штекери.

Оваа бројка се зголемува на 17,81 УСД ако се полни на јавна станица за полнење.

За пикап камионите, Anderson Economic Group објаснува дека 100 милји со дизел возило обично чини 17,10 долари, додека цената за електрично возило е 17,72 долари на 100 милји ако се полнат дома или дури 26,38 долари на јавна бензинска станица.

Фото: Шутер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk