Во првиот квартал годинава со автобуси биле превезени вкупно 10 467 000 патници во патничкиот патен превоз и во однос на истиот период од претходната година се бележи зголемување за 14,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за шест проценти, во приградскиот за 23,6 отсто, во меѓуградскиот за 26,1 проценти, а во меѓународниот превоз за 115 отсто.
Во првото тримесечје од 2022 година, во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 63,5 проценти. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 0,2 проценти, во приградскиот превоз за 38,4 проценти, во меѓуградскиот превоз за 11,7 проценти, а во меѓународниот превоз зголемувањето е 152 проценти.© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата