logo
logo
logo

Во Германија огревното дрво и пелетите поскапеа 108 %

Vecer | 22.09.2022

Во Германија огревното дрво и пелетите поскапеа 108 %

Сопствениците на печки на дрва или пелети во Германија есенва се соочуваат со драстично зголемување на цените, објави денеска Федералното биро за статистика во Визбаден.

Цените на огревното дрво и на пелетите во август се повисоки за 86 отсто во однос на истиот период лани“, се вели во соопштението на Федералниот завод за статистика.

Поголеми трошоци за транспорт и работна сила

Значителниот пораст на цените се објаснува од една страна со зголемената побарувачка, а од друга со зголемените трошоци за транспорт и работна сила.

Конкретно, цената на пелетите порасна за 108 отсто, што е забележително повисока од стапката на поскапување во другите сектори, која во просек изнесува 45 отсто.

Германија субвенционираше печки на пелети

Германската влада со години го субвенционира купувањето на печки на пелети како еколошки одржливо огревно дрво. Од почетокот на војната во Украина, побарувачката за печки на дрва и пелети во Германија нагло се зголеми.

Министерството за заштита на животната средина предупреди за законски пропишаните количества ситни честички за печки на дрва. Дозволени се само понови печки со вградени филтри, како и модернизирани постари печки.

Според податоците на ова министерство, печките на дрва предизвикуваат повеќе микро честички во воздухот отколку сообраќајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk