- Во екот на пандемијата, термини во државните лаборатории немаше и граѓаните беа принудени да плаќаат приватно. Препораката на лекарите беше почесто контролирање на дидимери, а тоа значеше дека болните од Ковид-19 неколку пати мораа да посетат приватна лабораторија.
- 21 милион евра е вкупниот прииход на Авицена, Биотек, Никоб Лаб и Синлаб, додека нивната вкупна нето-добивка е околу 7,8 милиони евра.
И покрај платеното здравствено осигурување, најголем дел од граѓаните кои се соочија со вирусот Ковид-19, мораа да одат во приватни лаборатории. А, таму ги дочекаа изгор цени. За ПЦР тест се плаќаше околу 2.500 денари, за крвна слика со дидимери и со CRP – 1.500 денари, за антитела – 1.200 денари. Во екот на пандемијата, термини во државните лаборатории немаше и граѓаните беа принудени да плаќаат приватно.
Препораката на лекарите беше почесто контролирање на дидимери, а тоа значеше дека болните од Ковид-19 неколку пати мораа да посетат приватна лабораторија. Сепак, приватните лаборатории ја пополнија „дупката“ во државниот здравствен систем, обезбедувајќи ги здравствените услуги, поврзани не само со вирусот, туку и со другите здравствени проблеми.
Според податоците од платформата БизнисМрежа.мк, минатата година во приватните лаборатории граѓаните оставиле најмалку 21 милион евра. Толкав бил вкупниот приход во Авицена, Биотек, Никоб Лаб и Синлаб, додека нивната вкупна нето-добивка е околу 7,8 милиони евра, што покажува висока профитабилност на лабораториите.
ви, што граѓаните ги правеа поради патувања.
Какви приходи остварувале лабораториите?
| ЛАБОРАТОРИЈА | ПРИХОД 2021 | ПРИХОД 2020 | ПРИХОД 2019 | ПРИХОД 2018 |
|---|
| Авицена | 7.100.000 € | 4.600.000 € | 2.250.000 € | 2.000.000 € |
| Биотек | 6.100.000 € | 2.800.000 € | 525.000 € | 360.000 € |
| Никоб Лаб | 4.000.000 € | / | / | / |
| Синлаб | 3.800.000 € | 2.500.000 € | 1.900.000 € | 1.800.000 € |
| Вкупно | 21.000.000 € | 9.900.000 € | 4.675.000 € | 4.160.000 € |
Износите се во евра | Извор на податоци: БизнизМрежа.Мк
Минатата година најмногу пари граѓаните оставиле во „Авицена“ – дури 7,1 милиони евра. На второ место е „Биотек“ која направи промет од лабораториските анализи во износ од 6,1 милион евра, „Никоб лаб“ имал приход од 4 милиони евра, додека „Синлаб“ е со реализација од 3,8 милиони евра.
Како било во однос на 2020 година ?
Податоците за трите лаборатории кои работеле и во 2021 година и во 2020 година (Никоб Лаб од лани работи) покажува дека „Синлаб“ има најголем раст на добивка (113,62%) иако работи со помала профитабилност (добивка во однос на профит) во однос на другите компании. Компанијата ги има зголемено и приходите за 52,27 проценти.
На второ место по раст на добивка е „Авицена“ (77,16%), и таа ги има зголемено приходите за 55,25%.
Растот на приходот на „Биотек“ бил 66,48% при најголем раст на приходот во однос на сите компании – од 117,78%.
| ЛАБОРАТОРИЈА | ПРИХОД 2021/2020 | РАСХОД 2021/2020 | ДОБИВКА 2021/2020 |
|---|
| Авицена | +55,25% | +42,20% | +77,16% |
| Биотек | +117,78% | +196,68% | +66,48% |
| Синлаб | + 52,27% | +37,63% | +113,62% |
Извор на податоци: БизнизМрежа.Мк
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата