logo
logo
logo

Владата на СДСМ, за 4 години ја задолжи државата колку претходната за сите 11

Vecer | 01.08.2021

Владата на СДСМ, за 4 години ја задолжи државата колку претходната за сите 11

СДСМ за четири години владеење го зголеми јавниот долг за две и пол милијарди евра, со што долгот надмина 62 отсто од БДП-то. ВМРО-ДПМНЕ, пак, за 11 години владеење го зголеми јавниот долг за речиси три милијарди евра, анализра РСЕ.

За четири години колку што СДСМ е на власт јавниот долг пораснал за 2,5 милијарди евра.

Во 2017 кога доаѓаат на власт долгот бил 4,7 милијарди евра или 47, 7 отсто од Бруто домашниот производ (БДП).

Јавниот долг сега изнесува 7,2 милијарди евра или 62,5 отсто од Бруто домашниот производ (БДП). Или на пример ако државата е човек кој годишно има плата од 5000 евра, би должел 3000 евра.

Податоците се за првиот квартал од годинава.

Наскоро треба да излезат податоците и за вториот квартал.

Очекувањата на Министерство за финансии се дека јавниот долг годинава ќе остане во рамки на проекциите од 63, 5 отсто.

Јавниот долг го сочинуваат парите што ги должи државата, јавните претпријатија, општините, претпријатијата во државна сопственост, Народната банка.

Земјите кои имаат јавен долг до 60 отсто од БДП се умерено задолжени, според критериумите на Светска банка. Кога ќе се надмине тој праг, земјата спаѓа во категоријата висока задолжена.

Јавниот долг треба да се намали на среден рок

На среден рок, односно до 2025 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 58,8 отсто, односно под нивото утврдено со Мастришкиот критериум.

Ова треба да се реализира, од една страна, преку постепено намалување на буџетскиот дефицит, и од друга страна преку забрзување на економскиот раст, односно продуцирање поголема додадена вредност од којашто полесно ќе може да се сервисира долгот што доспева.

Целиот текст на следниов линк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk