logo
logo
logo

Гордана Димитриеска Кочоск

Владата на СДС и ДУИ сака да го прикрие својот криминал со носење на закони штетни за стопанството

Vecer | 16.07.2023

Владата на СДС и ДУИ сака да го прикрие својот криминал со носење на закони штетни за стопанството

Потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, на трибината насловена „Погрешните економски политики-предизвик за преживување на стопанството и граѓаните“ во организација на партијата, изјави дека само еден ден пред одржување на јавна дебата за законот за данок на солидарност како политичка партија добиле покана од страна на министерот за финансии, укажувајќи дека вакви крупни работи треба да се комуницира со тие кои што ќе го доживеат најголемиот удар од ваквата законска новина, а тоа се коморите и компаниите.

Некаде на почетокот на јануари месец, министерот за финансии ни достави покана на која што требаше да присуствуваме на една јавна дебата која што ја организираше Министерството за финансии. Но, не покани еден ден пред да се случи тој настан, а притоа не информира дека ќе воведува нов закон односно нов данок, што беше шокантно за нас како политичка партија, бидејќи нели станува збор за сериозно. Не покани еден ден пред состанокот и немаш време да се подготвиш, односно сметам дека за вакви крупни работи треба да се комуницира со коморите и компаниите, односно тие кои што ќе го доживеат најголемиот удар од ваквата законска новина, рече Димитриеска Кочоска.

Таа потенцираше дека тие не присуствувале на тој состанок, но испратиле документ во кој јасно дефинираат дека ВМРО-ДПМНЕ е против тој закон.

Ние не присуствувавме на тој состанок, но писмено ги информиравме каде што кажавме дека сме против овој закон и денеска исто стоиме на истиот став, изјава таа.

Според Димитриеска Кочоска, има големи недоречености во законот додавајќи дека владата која е најголем извор на криминал и која што не се откажала од ниту еден трошок измислува закон нови давачки за компаниите.

Солидарност значи кога сите заедно солидарно ќе учествуваме во нешто. Е сега владата која што е најголемиот извор на корупција и криминал, која што не се откажа од ниту еден трошок, која што ги полни во континуитет своите џебови сега има празен буџет и притоа измисли еден нов закон за данок на солидарност.

 

Кај нас одиме со закон за солидарност при што не дефинираме за кои дејности ќе биде, туку ставаме една граница и велиме сите компании кои што имаат над 10 милиони евра приходи. Значи влада која што месец дена пред тоа планира скоро 1 милијарда евра на оние разни трансфери, најкоруптивни, најсомнителните каде што нема јасна дефиниција на што ќе се трошат, и во исто време паралелно спрема еден данок врз основа на кој што вели дека ќе обезбеди дополнителни во буџетот 90 милиони евра, истакна таа.

Димитриеска Кочоска вели дека владата на СДС врз основа на законот за данок на солидарност и собирање на 90 милиони евра сака да си го покрие неодговорното работење, потенцирајќи дека државата само врз основа на казнени пенали за раскинатите договори за изградба на Клиничките центри во Скопје и Штип, надзорот на коридорите 8 и 10д, како и издавање и повлекување на еврообврзницата ќе плати многу повеќе.

Колку се 90 милиони евра? Значи 53 милиони евра плативме само за надзор за изградба на коридорите 8 и 10д. Нешто повеќе од 18 милиони евра ќе платиме поради грешките на министерот за финансии, влада, министерот за правда како и да го дефинираме во оној период која ја издадовме еврообврзницата па се повлековме, па ја ре-издадоа, зошто немаше кој да ја потпише во Министерството за правда. Го раскинавме договорот за изградба на Клинички центар во Скопје каде што исто така имавме казнени пенали повеќе од 20 милиони евра, го раскинаа договорот за Клинички центар во Штип повторно казнени пенали. И вака по принципот на казнени пенали ќе добијам многу повеќе од 90 милиони евра. Значи собираме 90 милиони евра пари со кои што треба да покријат неодговорност на владата, децидна е Димитриеска Кочоска.

Таа порача дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да го прифати и да го гласа овој закон за данок на солидарност, како и дека за сето ова кое што го прави владата на СДС и ДУИ на стопанството и граѓаните ќе одговара.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да поддржи ваков закон и може да коментираат колку сакаат дека сме блокирале. Да ќе блокираме и секогаш ќе блокираме секогаш кога тие ќе теретат една група на граѓани да плаќаат и нема да биде еднакво за сите. И она кое што е клучно секогаш ќе бидеме против за да се полнат нивните џебови и да можат уште малку да покрадат бидејќи знаат дека следуваат избори и ќе се смени власта, и ќе одговараат за ова што го прават како на стопанството така и на граѓаните, порача Димитриеска Кочоска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk