logo
logo
logo

Владата ја продолжи работата на „ТЕ-ТО” со полна моќност до 15 април

Vecer | 30.03.2022

Владата ја продолжи работата на „ТЕ-ТО” со полна моќност до 15 април

Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија во износ од 160 мегавати ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, информираат од Прес-службата на Владата. Од таму додаваат дека „ТЕ-ТО“ АД Скопје, ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 април 2022 година до 15 април 2022 година. – Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Северна Македонија” – Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, согласно правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија, велат од Влада.    

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk