logo
logo
logo

Вештачката интелигенција НИ ГИ ЗАГРОЗУВА РАБОТНИТЕ МЕСТА: Милиони работници под закана

Vecer | 25.08.2023

Вештачката интелигенција НИ ГИ ЗАГРОЗУВА РАБОТНИТЕ МЕСТА: Милиони работници под закана

Развојот на вештачката интелигенција им се заканува на 8,4 милиони работници во Италија, се наведува во студијата објавена од Конфедерацијата на италијанските занаетчии (Confarartigianato).

Студијата наведува дека 36,2 отсто од работната сила во Италија „ќе ги претрпи последиците од технолошката трансформација и автоматизација“, пренесува АНСА.

Претседателот на Конфедерацијата на италијанските занаетчии, Марко Гранели, сепак смета дека напредокот во развојот на вештачката интелигенција не треба да предизвикува страв.

„Не треба да се плашиме од вештачката интелигенција, туку да управуваме со неа како вешт мајстор“, тврди Гранели.

Слично истражување во Германија, Франција и Луксембург покажа дека дури 60 отсто од работниците се загрозени од напредокот на вештачката интелигенција.

Confartigianato го анализирале „степенот на изложеност на вештачка интелигенција на нашиот пазар на труд“. Според тоа најекспониран регион е Ломбардија, потоа Лацио.

Најекспонираните професии „се најквалификувани и со интелектуална и административна содржина, почнувајќи од информатички и комуникациски техничари, административни и комерцијални менаџери, специјалисти за комерцијални и административни науки, специјалисти за наука и инженерство, менаџери за јавна администрација“, додека „меѓу работните активности со помал ризик се оние со нестандардизирана рачна компонента“.

Според истражувањето Confartigianato, „проширувањето на вештачката интелигенција поткопува 25,4% од работниците кои влегуваат во компании во 2022 година, што е еднакво на 1,3 милиони луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk