logo
logo
logo

УШТЕ ЕДНО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА! Трето за една недела

Vecer | 03.08.2023

УШТЕ ЕДНО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА! Трето за една недела

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 78,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 85,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 87,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пак, се зголемува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 78 денари. Со одлуката на РКЕ за 1,489 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе се продава за 45,031 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,323 отсто, додека кај дизелот има зголемување за 4,575, кај екстра лесното масло за 4,647 и кај мазутот има зголемување за 3,754 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,486 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk