logo
logo
logo

Што можат бизнисмените да научат од успехот на Барби - ТАА Е ИНСПИРАЦИЈА

Vecer | 02.08.2023

Што можат бизнисмените да научат од успехот на Барби - ТАА Е ИНСПИРАЦИЈА

Целата моја филозофија за Барби беше дека преку кукла, девојката може да биде се што сака. Барби отсекогаш го претставувала фактот дека жената има избор, напишала креаторката на препознатливата кукла, Рут Хендлер, во своите мемоари од 1994 година.

Навистина, во текот на своето децениско постоење, Барби била и стјуардеса, медицинска сестра, астронаут, но и бизнис менаџер... Во 21 век Барби станала претприемач и еве што можат другите да научат од неа.

Таа е инспирација

Барби доаѓа од мал град во Висконсин и се претвори во светска ѕвезда. Тоа ни покажува дека нема граници за тоа што жените можат да постигнат. Таа започна како модна икона, а потоа ја постигна својата кариера како астронаут, хирург и претприемач, пишува Форбс.

Таа е технички поткована

Не само што Барби има искуство во програмирање и создавање видео игри, туку нејзиниот канал на YouTube има повеќе од 20 милиони претплатници.

Исто така, има силно медиумско присуство со 3,4 милиони следбеници на Инстаграм. Барби апликациите имаат во просек повеќе од 7 милиони месечни активни корисници.

Поддржува различност

Според Мател, Барби е најразновидна линија на кукли. Во текот на 1980-тите беа пуштени црни и шпанско кукли. Сега одат чекор понатаму, па има барбики со различни типови на тело, со 35 тонови на кожа и преку 90 фризури. Од неодамна се воведени и кукли со телесен инвалидитет.

Можеби најголемиот успех на Барби во изминатите 64 години е да биде пример за деловни достигнувања. Како што растеше, така растеа и можностите за кариера и претприемништво за жените.

Каква е состојбата на пазарот?

Според податоците презентирани минатата година во НАЛЕД, само 31 отсто од жените се претприемачи и основачи на компании, додека само 14 отсто од жените на возраст меѓу 14 и 64 години се самовработени, наспроти 25 отсто од мажите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk