logo
logo
logo

Шпаркасе Банка Македонија и ФИТР потпишаа Меморандум за соработка

Vecer | 01.07.2021

Шпаркасе Банка Македонија и ФИТР потпишаа Меморандум за соработка

Шпаркасе Банка Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) потпишаа Меморандум за соработка, со кој ќе се овозможи поголема промоција и достапност до „Чекор по чекор“ програмата, со која домашните стартапи ќе можат да добијат различни пакети за финансиска, едукативна и менторска поддршка.

„Соработката на Шпаркасе Банка Македонија со Фондот за иновации и технолошки развој ќе придонесе за создавање на нови можности за финансирање на иновативните бизниси, кои покрај поддршката која ја добиваат во форма на грант, ќе имаат дополнителна можност за пристап до банкарски кредит и вклучително менторство и едукација кои ги овозможува „Чекор по чекор“ програмата.

Нашиот стручен тим им ја дава потребната експертска поддршка на младите менаџери за квалитетна изработка на потребните бизнис-планови, а воедно нашите партнери им  помагаат да ги унапредат нивните претприемачки вештини и совети за правилно користење на финансиските средства во насока за поголем развој и одржливост на нивните бизниси. Преку поддршката на старт-ап бизнисите и нивното вмрежување во една заедница ние ја исполнуваме нашата мисија да бидеме поддршка за младите, овозможувајќи им да го реализираат својот сон за сопствен бизнис во нашата држава“, изјави Глигор Бишев, генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на „Шпаркасе Банка Македонија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk