Во јули, Русија извезувала 1,9 милиони барели нафта дневно во Индија, со што ја задржа својата позиција како главен снабдувач на нафта во земјата.
Индискиот увоз на нафта од Саудиска Арабија се намали за 34 отсто во јули, на 484.000 барели дневно од 734.000 барели дневно во јуни, објави Oilprice.com.
Минатиот месец Русија извезе повеќе нафта во Индија отколку Саудиска Арабија и Ирак заедно.
Цената на суровата нафта што Русија ја извезе во Индија во јуни е најниска од февруари 2022 година – во просек 68,17 долари за барел.
За споредба, Индија во мај и плаќаше на Русија во просек 70,17 долари за барел нафта и 100,48 долари за барел нафта во јуни 2022 година.
Експертите очекуваат дека извозот на руска нафта во Индија ќе падне во наредните месеци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата