logo
logo
logo

После 100 години ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ ГИГАНТ ОДИ ВО ЗАБОРАВ

Vecer | 05.02.2025

После 100 години ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ ГИГАНТ ОДИ ВО ЗАБОРАВ

Поранешниот гигант на регионалната текстилна индустрија Вартекс од хрватскиот град Вараждин престана со производство по повеќе од сто години, соопшти денеска стечајниот управник на компанијата.

Стечајниот управник Томислав Ѓуричин најави дека иднината на бизнисот ќе се решава на генералното собрание кое ќе се одржи на 12 февруари, објави Јутарњи лист.

Пред неколку месеци Ѓуричин ги проценуваше шансите за опстанок на Вартекс на повеќе од педесет проценти, но сега на таквото сценарио му дава неспоредливо помали шанси, бидејќи „пазарот така одлучи“.

Стоката на „Вартекс“ може да се купи само во 16 наши продавници, што не е доволно за профитабилен бизнис“, рече тој.

На состанокот одржан на крајот на јануари беше изгласано Вартекс да продолжи со продажба на стоки и да го задржи ладилникот, но и да го прекине производството.

 Додека речиси сите доверители беа за продолжување на продажбата, оние со вкупно побарување од 22,49 милиони евра гласаа за прекин на производството, додека доверителите со побарувања од 1,61 милион евра гласаа за продолжување, наведува Јутарњи лист.

Хрватскиот и поранешен југословенски бренд на модни текстилни производи наречен Вартекс во сегашната форма е создаден во 1948 година со национализацијата на текстилната индустрија Вараждин - Тивар, која е основана на 1 ноември 1918 година како акционерско друштво на чешки индустријалци и хрватски трговци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk