logo
logo
logo

Пандемијата ќе ги поскапи и цените на становите: Квадрат во Скопје ќе достигне и до 2000 евра?

Vecer | 26.04.2021

Пандемијата ќе ги поскапи и цените на становите: Квадрат во Скопје ќе достигне и до 2000 евра?

Корона кризата ќе ги поскапи и цените на становите.

Градежниците велат дека цените на градежните материјали се драстично поскапени дури до 80%, а проблем имаат и со набавките поради затворените граници.

Сето тоа влече поскапа градба, а секторот е во тешка состојба. Бараат посебен пакет мерки како и измени во законот за јавни набавки во кој единствен критериум е најниската цена.

„Наша констатација и очекување во моментов е дека со покачување на минималната плата и најавените уште поголеми поскапувања на репроматеријалите, цените на становите ќе растат.  Дополнително, граѓаните увидоа дека во време на пандемија е најдобро да вложуваат во недвижнини. Сепак, не би можел да кажам за колку ќе се покачуваат цените со оглед дека сме во најтешкиот момент за градежништвото и не знаеме колку тоа ќе трае.“ изјави Андреа Серафимовски, претседател на градежна комора СК.

Овој сектор бара од Владата директни мерки за да може да го одржи континуитетот на работење. Последниот раст во производството е забележан на крајот на 2019 година од 8,9 отсто.

Во Скопје и досега становите има највисоки цени во однос на другите градови, a доколку поскапувањето навистина се случи тогаш Ќсе очекува еден квадрат новоградба во центарот на Скопје да ја надмине границата од 2.000 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk