Според Државниот завод за статистика за исплатените просечни плати во март највисоката плата била 70.551 денар, а најниската 16.016 денари.
И понатаму на врвот на платите се програмерите, а на дното се платите на работниците во кожарската индустрија
Во просек, со солидни 48.734 денари се вработените во областа телекомуникации, додека пак во дејноста производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати земаат просечна плата од 46.501 денари плата.
Во најзасегантите дејности од пандемијата: туризмот и угостителството во март исплатиле просечна плата од 17.280 до 17.921 денари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата