logo
logo
logo

Од понеделник добиваме уште две патарини: Почнуваат со работа Преод и Кадрифаково на Миладиновци – Штип

Vecer | 16.07.2022

Од понеделник добиваме уште две патарини: Почнуваат со работа Преод и Кадрифаково на Миладиновци – Штип

Од понеделник во седум часот ќе бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип и обратно. На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина. Посочуваме дека првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина – информира Јавното претпријатие за државни патишта. Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по седум наплатни кабини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk