logo
logo
logo

НАЈАВЕНА КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНИТЕ НА ПИЈАЛАЦИТЕ

Од денес ПОЕВТИНО ќе се јаде, а од следната недела и ќе се пие

Vecer | 20.09.2023

Од денес ПОЕВТИНО ќе се јаде, а од следната недела и ќе се пие

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот Фејсбук-профил информира дека во наредниот период за 10 отсто ќе се намалат и цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци.

Тој информира дека добил неколку писма од домашни производители на минерална вода, сокови и пиво кои го известиле дека доброволно се вклучуваат во кампањата „гарантирана цена”.

Намалување на цените на безалкохлните и алкохолните пијалоци! Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата „гарантирана цена” со намалување на цените од минимум 10 отсто!, наведува Бектеши на својот Фејсбук-профил и изразува благодарност за подршката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk