Руската авиокомпанија Нордвинд Ерлајнс од 21 септември стартува нова авиолинија Санкт Петрбург – Скопје. Компанијата соопшти дека летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник.
Од 29 септември, Нордвинд Ерлајнс планира да ја зголеми и фреквенцијата на летови од Москва до Скопје. Директни летови Москва – Скопје ќе има трипати неделно – секој понеделник, среда и петок.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата