-Има непринципиелност во времето за работа. За трговците кои имаат поголем деловен простор од 8.000 квадратни метри дозволено е да работат 10 часа во недела, а за останатите 8 часа. Со овој амандман се постигнува дискриминација во однос на бројот на работни часови за различни субјекти. Тие кои имаат поголем работен простор може да работат 10 часа, а останатите ќе мора да работат 8 часа, рече Трајанов.Праша зошто со законското решение се забранува да се продава овошје и зеленчук во недела во маркетите, а може да се продава се друго.
-Ова законско решение е да можат да работат големите маркети по моловите, а да не може да работат маалските продавници, рече Трајанов и побара законското решение да се преработи во делот на работното време и да може да се продава овошје и зеленчук.Работникот кој ќе работи во дејностите кои се исклучок од Законот, покрај правото на додаток на плата за работа во недела, имаат право и на користење на неделен одмор во наредните седум дена. Додатокот на плата за работа во недела изнесува најмалку 50 пеесет проценти за секој час поминат на работа, доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот. Измените предвидуваат во случај на природна и друга несреќа или хаварија и спречување на последиците од нив или кога таква несреќа непосредно се очекува, на барање на работодавачот, работникот е должен да работи во недела заради заштита на животот и здравјето на луѓето и спречување на непоправлива материјална штета. Работодавачите кои ќе го прекршат законот ќе се соочат со забрана за работа од 15 дена и прекршочна пријава. Доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа, не смее да го намали бројот на вработените.
-Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92 проценти од работниците, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод изгласувањето на Законот за работните односи со кој се утврдува недела како неработен ден.Целта на ова законско решение, според МТСП, е воспоставување рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот, како предуслов за нивна мотивација и поголема ефикасност на работното место.
-Работниците се нашиот најголем капитал. Нивниот труд мора да се почитува и вреднува. Затоа, оние што ќе бидат ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, ќе добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена, вели Шахпаска.Таа додаде дека вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100 отсто. А дополнително, 2 отсто од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки. Иницијатор на измените за недела неработен ден е Сојузот на синдикатите на Македонија од каде велат дека суштината на социјалниот дијалог е да се почитува договореното и оти така јакне довербата помеѓу социјалните партнери. Така, велат од ССМ, тие се мотивираат за унапредување на системот на преговарање како начин за уредување на законите и националните политики и стратегии. -Во услови на светската здравствена криза, предизвикана од Ковид-19, се покажа дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници. По пат на социјален дијалог со Влада и работодавачите, со денешното гласање во Собранието од страна на пратениците, успеавме да го обезбедиме ова право на работниците, велат од ССМ. Оттаму посочуваат дека едно од главните нивни барања на протестот одржан на 12-ти месецов денеска е изгласано од страна на пратениците во Собранието и конечно почнува да се применува од 1 јануари 2022 година.
– Деведесет и два проценти од работниците ќе одмараат, а оние осум проценти кои работат во дејностите во кои не може да се прекине работниот процес, за работа во недела ќе добиваат најмалку дополнителни 50 отсто додаток на плата за секој поминат час за работа во недела, а синдикатите здружени во ССМ веќе преку колективните договори обезбедија и 100 посто додаток на плата за работа во недела, наведуваат од ССМ.ССМ смета дека ова претставува одличен пример за унапредување на работничките права преку создавање на правна рамка за почитување на демократските вредност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата