logo
logo
logo

Нов гувернер на Народната банка ќе се бира на 20 мај

Vecer | 14.05.2025

Нов гувернер на Народната банка ќе се бира на 20 мај

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка и оти изборот ќе биде на пленарна седница во Собранието на 20 мај. Еден од условите за поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и Владата, како што изјави денеска, е стриктно бранење на фиксниот курс на денарот.

Петгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај, а Мицкоски уверува дека рокот ќе биде испочитуван.

– Веќе имавме разговори со претседатеката во понеделеникот на оваа тема, очекувам да ги продолжиме, до крајот на неделата ќе биде јасна позицијата. Очекувам во понеделник да биде информирано Собранието, на 20-ти ќе има седница, разговарав со претседателот на Собранието за дополнување на дневниот ред на 20, така што рокот ќе биде испочитуван, рече Мицкоски и посочи дека не е важно кој е негов фаворит, нагласувајќи дека сите кандидати се вонсериски искусни и оти е убеден дека ќе ја одржат макроеконоската стабилност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk