Во време кога сè повеќе домаќинства и компании се насочуваат кон обновливи извори на енергија, соларните системи стануваат клучен чекор кон енергетска независност. Но, зад секој ефикасен соларен систем стои една клучна компонента - инвертерот.
Токму тука nJoy соларните инвертери се издвојуваат како сигурно и модерно решение кое комбинира висока ефикасност, напредна технологија и усогласеност со европските стандарди.

Европски стандарди за сигурна енергија
Соларните инвертери од сериите Astris (on-grid) и Ascet (hybrid) се дизајнирани за современи соларни инсталации и се целосно усогласени со европскиот стандард EN 50549-1, кој ги дефинира условите за поврзување на производителите на електрична енергија со нисконапонската електрична мрежа.
Оваа усогласеност е потврдена од реномирани сертификациски организации како TÜV и Intertek, што гарантира дека nJoy инвертерите работат стабилно, безбедно и во согласност со европските регулативи.
За корисниците тоа значи едноставно технологија на која може да се потпрете!

Максимално искористување на сончевата енергија
Главната задача на инвертерот е да ја претвори произведената DC енергија од соларните панели во стабилна AC енергија за употреба во домот или бизнисот.
Благодарение на напредната електроника и модерните компоненти, nJoy инвертерите овозможуваат висока ефикасност и оптимална конверзија на енергијата, со што се извлекува максимум од секој сончев зрак.
Покрај тоа, системите нудат интелигентни функции кои го прават управувањето со енергијата едноставно и ефикасно:
· далечински мониторинг на системот
· интелигентно управување со енергијата
· оптимизација на производството
· контрола на енергијата што се испраќа кон електричната мрежа
Со овие функции корисниците добиваат поголема контрола, подобра енергетска ефикасност и намалени трошоци за електрична енергија.
Безбедност и долгорочна сигурност
Сигурноста на енергетскиот систем е клучна за долгорочна и стабилна работа. nJoy инвертерите се опремени со напредни заштитни механизми кои обезбедуваат безбедно функционирање на целиот систем.
Меѓу нив се:
· заштита од пренапон и електрични аномалии
· детекција на дефекти во системот
· автоматско исклучување при нестабилност на електричната мрежа
· напредни механизми за заштита на опремата
Дополнителна сигурност за корисниците претставува и фактот што nJoy соларните инвертери доаѓаат со дури 10 години гаранција- силна потврда за нивниот квалитет, издржливост и долгорочна доверливост.
Инвестиција во енергетската иднина
Со комбинација од иновативна технологија, европски стандарди и висока ефикасност, nJoy соларните инвертери претставуваат модерно решение за сите што сакаат да инвестираат во одржлива и сигурна енергија.
Без разлика дали станува збор за дом или бизнис, nJoy овозможува максимално искористување на сончевата енергија со стабилност, сигурност и перформанси на кои можете да сметате.
Погледнете ја целата понуда на nJoy соларни инвертери тука!
АИТОНИКС АД е официјален дистрибутер на nJoy во Македoнија и нуди на пазарот голем избор на производи од овој познат европски бренд. АИТОНИКС АД е компанија со докажана експертиза и 25-годишно искуство во дистрибуцијата на ИТ производи и изработката на софтверски решенија.
nJoy е компанија ориентирана кон бизнис решенија, која произведува висококвалитетни системи за непрекинато напојување (UPS). Експертизата ја користи за да ја обезбеди електричната архитектура и електронската опрема, а во последните години ја прошири производната линија и со нови категории како што се фотоволтаични инвертери и системи за складирање енергија.
За повеќе информации во врска со уредите од nJoy, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса [email protected].
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата