logo
logo
logo

Највисока инфлација во Македонија од 1995 година!

Vecer | 15.05.2022

Највисока инфлација во Македонија од 1995 година!

Објавата на стапката на инфлација од 10,5% на годишна основа, ги потврди стравувањата дека инфлацијата излезе од контрола. -Касната реакција на носителите на економските политики, недоволната будност на оваа Влада дека треба навремено да се справи со предизвикот на енергетската криза и растот на цените, ѝ донесе на Македонија инфлација каква што не сме имале од 1995 година. Денес инфлацијата е широко распространета и сите ја чуствуваме! Инфлацијата го јаде животниот стандард на народот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Неуспешното справување на оваа Влада со инфлацијата може да се согледа во фактот што сличната инфлација од 2008 година никој не ја памети. Тогаш, вистинскиот раст на платите, даночните реформи со кои се зголеми расположливиот доход на населението и фирмите, намалувањето на придонесите и многу други успешни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го задржат животниот стандард на граѓаните и да не ја чуствуваме инфлацијата. Сега, имаме погубна севкупна маркоекономска политика! Време е за избори“ – посочуваат од партијата!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk