logo
logo
logo

НАДВОР ОД ФУНКЦИЈА РЕК Битола, заради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО

Vecer | 12.07.2024

НАДВОР ОД ФУНКЦИЈА РЕК Битола, заради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО

Заради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО, надвор од функција е РЕК Битола, соопштија од службата за односи со јавност од Подржницата на Рударско – енергетскиот комбинат „Битола“ при АД ЕСМ.

-Околу 15:45 часот дојде до прекин на напојувањето, по што од мрежа испадна Блок 1 на РЕК Битола. Прекинати се и пуштачките операции на Блок 3 кои беа во тек, а по чие завршување во функција требаше да биде ставен и овој блок, се наведува во сооптението.

Стручни лица од РЕК Битола веќе работат на надминување на состојбата и ставање на комбинатот во функција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk