Работник во транспортна компанија во Германија дал отказ бидејќи смета дека „не вреди да се работи“, а притоа добива граѓански приход познат како Бургергелд.
Како што откри шефот Хорст Котмајер за медиумите, неговиот - сега веќе поранешен вработен - смета дека за него е поисплатливо да го прими Бургергелд и да работи „на црно“.
Котмејер додава дека оваа практика би можела да зачести.
- Работникот е во средината на 30-тите години и рече дека би можел повеќе да заработи ако работи „на црно“ и живеел од државна помош, односно Бургергелд - изјави Котмејер во интервју за Билд.
Инаку, поранешниот вработен бил девет месеци во фирмата и заработувал по 14 евра од час како магационер. Според неговиот поранешен работодавач, тоа е почетната плата во оваа компанија.
Но, на корисниците на државна помош им се исплаќаат по 502 евра месечно, плус им се исплаќаат трошоците за такса и парно.
Котмејер, кој е трета генерација на чело на оваа компанија и во моментов има 350 вработени, стравува дека на неговиот поранешен вработен може да му се придружат и други колеги.
- Се уште нема индикации дека работниците би можеле да го направат истото, но опасноста постои. Луѓето мислат дека не вреди да се работи, ако оние што добиваат помош за „работа без документи“ имаат поголеми примања од вработените - искрен е Хорст Котмејер.
Во исто време, следната година стапката на Бургергелд ќе се зголеми на 563 евра месечно, а многумина стравуваат дека Германија ќе стане „општество во кое некои одмораат, а други плаќаат за тоа со својата работа“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата