logo
logo
logo

Макстил со рекордно ниски вредности на емисии на цврсти честички

Vecer | 17.10.2025

Макстил со рекордно ниски вредности на емисии на цврсти честички

Макстил продолжува да бележи извонредно ниски емисии на цврсти честички, покажуваат најновите мерења за третиот квартал од 2025 година.

Според податоците за јули – септември 2025, измерените емисии на двете контролни точки се многукратно пониски од пропишаните европски гранични вредности кои изнесуваат 20, односно 30 милиграми на метар кубен.

На емисионата точка Оџак од филтер постројка највисоката измерена вредност во третиот квартал од 2025 година изнесува 1,31 милиграми на метар кубен, што е околу 15 пати пониско од европската гранична вредност од 20 mg/m³.

На емисиона точка Оџак од пескара највисоката измерена вредностизмерена во третиот квартал е 0,37 милиграми на метар кубен, што е далеку пониско од дозволената граница од 30 mg/m³.

Овие резултати го потврдуваат континуираниот ангажман на Макстил во насока на минимални емисии и максимална грижа за унапредување на животната средина.

Ваквото континуираното намалување на емисиите е резултат на системски пристап, долгорочна стратегија и постојани инвестициони вложувања во насока на зголемување на енергетската ефикасност и намалување на јаглеродните емисии.

Макстил и понатаму ќе продолжи преку континуирани вложувања во современи системи и одржливо производство, да ја демонстрира својата посветеност кон почиста и поздрава животна средина.

Во продолжение е пресекот на емисионите вредности на цврсти честички во периодот од јануари до септември, 2025 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk