logo
logo
logo

Клаузула „Земи или плати“: Германија мора да му плаќа на Гаспром за неувезениот гас до 2030 година

Vecer | 30.04.2022

Клаузула „Земи или плати“: Германија мора да му плаќа на Гаспром за неувезениот гас до 2030 година

Клаузула „Земи или плати“: Германија мора да му плаќа на Гаспром за неувезениот гас до 2030 година.

Рускиот гас е „крвав“ и на Германија не и треба такво нешто, предупредуваат моралистите од владејачките партии.

Германскиот министер за економија смислил план за откажување од рускиот гас.

Но, тој премолча за некои важни работи.

Министерот за економија и вицеканцелар Роберт Хабек (Зелените) на прес-конференција одржана пред еден месец рече:

„Поаѓаме од фактот дека во летото 2024 година ќе можеме - не сметајќи еден мал дел - да бидеме независни од рускиот гас.“

Тоа беше одговор на зголемениот морален притисок врз владата во Берлин да престане да увезува гас што е „крвав“.

Дури и по цена да нема алтернатива.

„За слободата, можеме малку да замрзнеме“, изјави поранешниот германски претседател Јоаким Гаук за јавната телевизија АРД на 9 март.

Сега излегува дека и тоа „замрзнување“ би можело да биде скапо.

Истражувачкиот новинарски магазин „Фронтал“ на јавниот сервис ЗДФ откри дека германските договори со Гаспром за испорака на гас содржат клаузула „земи или плати“: Германија до 2030 година ќе мора да му плати на Гаспром за гас што не го увезува.

Што би го чинело нешто повеќе од 140 милијарди евра.

„Фронтал“ се однесува на реномираниот Оксфордски институт за енергетски студии (ОИЕС), кој има увид во договорите меѓу Германија и Гаспром.

Експертот од тој институт, Џек Шарплс, го формулирал проблемот што не може да биде појасен: „Гаспром ќе добива пари - за џабе!“

Самоубиствено решение?

Долгорочните договори вклучуваат попуст за купувачот и често содржат клаузула „земи или плати“ - тоа за продавачот значи дополнително обезбедување дека ќе ја добие договорената сума.

Според статистичкиот преглед за светската енергија (Statistical Review of World Energy)  во 2019 година, Германија купила 51 отсто од увезениот гас од Русија. Таа е и најголемиот увозник на руски гас во ЕУ.

Во 2021 година, квантитативниот просек на германски увоз на гас од Русија беше 46 милијарди кубни метри. Според планот на владата во Берлин, „малиот дел“ што сепак ќе пристигне од таа земја на крајот на 2024 година ќе изнесува околу 10 милијарди кубни метри.

Доколку работите се одвиваат како што најави министерот за економија, Германија до 2030 година ќе има двојно поскапување - не само што ќе го плати гасот на Гаспром што не го увезува, туку и тој што го увезува како негова замена.

Сега е јасно дека Роберт Хабек ќе треба да објасни зошто, при претставувањето на својот план за „намалување на зависноста“ од Гаспром, молчеше за клаузулата „Земи или плати“ и како ќе спречи даночните обврзници од 140 милијарди евра да завршат фрлени на ветрот.

Фото: Принтскрин здф

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk