logo
logo
logo

Откако е оваа влада, НЕМАМЕ ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА

Vecer | 14.08.2025

Откако е оваа влада, НЕМАМЕ ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА

Преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство е распишан јавен повик на кој можат да аплицираат оние семејства кои ги исполнуваат условите за субвенционирање на сметките за електрична енергија, информира премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

За ова се предвидени повеќе од 40 милиони денари.

-Во неколку периоди на регулирање на електричната енергија откако е оваа Влада, веќе 14 месеци, ние немаме покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата, што не е случај во околината. Ако ги гледаме другите држави ќе видиме дека таму цената на електричната енергија е покачена по 15, 20, а во некои земји од соседството и за 30 %. И според ЕВРОСТАТ и според сите параметри, ние сме држава во Европа која има меѓу најниските цени за електрична енергија за домаќинствара, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk