logo
logo
logo

Халк банка Турција ќе го збогати КАПИТАЛОТ НА ХАЛК БАНКА Скопје ЗА 20 МИЛИОНИ ЕВРА

Vecer | 11.04.2021

Халк банка Турција ќе го збогати КАПИТАЛОТ НА ХАЛК БАНКА Скопје ЗА 20 МИЛИОНИ ЕВРА

Халкбанк АШ Турција, како главен акционер на Халк банка АД Скопје, на 26 март свика вонредно собрание и донесе одлука со која ја поддржа Халкбанк АД Скопје со одобрена докапитализација во износ од значајни 20 милиони евра.

Основна цел на оваа докапитализација е зајакнување на банкарскиот капитал во земјата и поддршка на реалниот сектор во земјава, особено годинава кога истиот има потреба за тоа.

И минатата година, со стартот на кризата предизвикана со Ковид-19, Халкбанк АШ Турција експресно одговори на новонастанатата состојба со докапитализација од 20 милиони евра што овозможи Халкбанк АД Скопје да излезе пресрет со ургентно донесени мерки кои се однесуваа на државата и на граѓаните- предвремено плаќање на данокот на добивка за 2020 година, мерки за одложување на плаќање на обврските на граѓаните и стопанството, како и со зголемено кредитирање.

Минатата година вкупните кредити издадени од Халкбанк забележаа пораст од 14,10 проценти во однос на декември претходната година, односно во апсолутен износ, растот на кредитирањето беше за околу 101,2 милиони евра. Истовремено и заштедите пораснаа за 18,63 отсто.

 

 



© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk