Како и секоја година, јавноста со нетрпение ги очекува големи попусти! Ова топло лето направи „Скопје Сити Мол“ и продавниците во него да обезбедат уште пониски – „жешки“ цени за своите посетители.
Периодов во „Скопје Сити Мол“ почнуваат најголемите попусти и промоции кои продавниците ќе ги понудат на летните колекции.
„Сите знаеме дека летниот период е секогаш атрактивен за шопинг, затоа заедно со брендовите се погриживме нашите посетители да уживаат во намалени цени, големи акции и промоции. Попусти има и ќе има уште поголеми во скоро сите продавници низ трговскиот центар, следејќи ги светските трендови кои во овој период започнуваат последните најголеми намалувања на колекцииите. Затоа ги повикуваме сите посетители и љубители на шопингот во овие летни денови да не посетат и да уживаат во големиот избор кој им го нудиме“, изјавија од трговскиот центар.
Оваа акција е последна во која ќе можат да се купат производи од пролет/лето колекциите по пониски цени. Таа доаѓа паралелно со периодот кога речиси насекаде во светот почнува големата летна распродажба или ликвидација на парчиња по супер ниски цени.
Летните попусти се причината заради која купувачи не можат да го сокријат задоволството од големата понуда на различни производи по екстремно намалени цени.
(ПР)
makfax.com.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата