logo
logo
logo

Фолксваген продаде ПОВЕЌЕ КОЛБАСИ ОТКОЛКУ АВТОМОБИЛИ

Vecer | 12.03.2025

Фолксваген продаде ПОВЕЌЕ КОЛБАСИ ОТКОЛКУ АВТОМОБИЛИ

Германскиот автомобилски гигант објави дека минатата година продал рекорден број колбаси. Во исто време, продажбата на автомобили паѓа. Овие две вести сведочат за популарноста на каривурст и кризата на најважната гранка на германската индустрија.

Каривруст е икона улична храна во Германија - колбас со посебен кечап и многу кари. Кромидот и помфритот одлично одат со него.

Подеднакво легендарен е каривурстот во работните мензи на автомобилскиот гигант Фолксваген. Нешто како ќофтиња од ресторанот во Икеа. Не е ни чудо што Фолксваген одамна почна да продава колбаси во супермаркетите, пишува DW.

Сепак, веста звучи бизарно - Фолссваген продаде повеќе колбаси од автомобили минатата година. Ова зборува за популарноста на нивниот каривурст, но и за кризата во германската автомобилска индустрија.

Како што беше најавено, минатата година концернот со седиште во Волфсбург продаде 8,5 милиони порции колбаси во триесетина кантини и киосци, како и во супермаркети. Тоа е околу двесте илјади повеќе отколку во 2023 година, која исто така беше рекордна година.

Рекордот се припишува на додавањето на хот-дог произведен од Фолксваген во палетата пред неколку години.

Во исто време, минатата година се продадени само 5,2 милиони возила со логото на Фолксваген.

Ако е некаква утеха, кога ќе се избројат сите брендови кои припаѓаат на концернот – да речеме Шкода, Ауди, Сеат, Порше, Ламбурџини– продадени се девет милиони примероци, што е сепак повеќе од бројот на колбаси. Но, дури и таа бројка падна за 2,3 отсто во однос на претходната година.

Сериозен пад на профитот

Беше објавено и дека концернот лани заработил 12,4 милијарди евра, што за нив е скандалозен пад од 30 отсто. И ова иако вкупниот промет се зголеми на 345 милијарди.

Причина за падот на профитот е остриот пад на кинескиот пазар, како и големите инвестиции, на пример во новата фабрика на Ауди во Брисел.

Вработените со колективен договор засега можат да бидат среќни што се уште добиваат бонуси за минатата година по 4.800 евра. Од ова имаат корист околу 120.000 вработени во Германија.

Раководните лица на концернот некако ќе преживеат со милионските плати, а според агенцијата ДПА, за оваа и за следната година се откажуваат од околу единаесет отсто од платите.

Проблеми допрва следуваат, како што Фолксваген објави на крајот на минатата година, поради големите протести од вработените, па дури и од политичарите, дека ќе укине 35.000 работни места во Германија до 2030 година. Ова е прв пат во историјата автомобилскиот гигант да отпушта луѓе.

Ова е причина и за колапсот на германската автомобилска индустрија, која сè уште е извозен мотор на целата економија. Но, конкуренцијата станува се посилна, особено во областа на електричните автомобили, а глобалните бизниси исто така страдаат од тарифните војни што сега повторно ги иницира Доналд Трамп.

Што се однесува до колбасот, таму секој може мирно да спие. Најавено е дека Фоксваген планира да воведе нови сорти на колбаси во кантините, како и во супермаркетите главно во Долна Саксонија, провинцијата каде што се наоѓа Волфсбург.

Освен тоа, тоа веќе не е шега. Кога пред неколку години го извадија каривурстот од една од нивните десетици кантини, се крена огромна медиумска врева. Дури и поранешниот канцелар Герхард Шредер, кој секогаш се претставуваше како човек од народот, се огласи за да ги потсети луѓето дека колбасот е „работничка чоколадна лента за сила“.

Фолксваген започна со производство на currywurst уште во 1973 година. Го произведува месарница основана од концернот. Каривурст има дури и производствен број, исто како и секој дел од автомобилот. Тој број е 199.398.500 А.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk