logo
logo
logo

„Новата детска градинка во објектот на АРМ во Битола ќе почне да работи до крајот на оваа година или на почеток на следната“

Vecer | 17.06.2025

„Новата детска градинка во објектот на АРМ во Битола ќе почне да работи до крајот на оваа година или на почеток на следната“

Денеска извршивме увид на изградбата на новата детска градинка во објектот на АРМ која е во завршна фаза! Овој објект го презедовме со сериозни технички проблеми, но успеавме да ги надминеме сите предизвици и да го доведеме до стабилна и функционална состојба.

Досега е реализирана изградба до фаза карабина со поставена надворешна столарија, во вредност од 43.437.100 денари. За заштита од подземни води беше изведен дренажен систем, а во моментов се работи на втората фаза од проектот.

Очекуваме оваа современа и безбедна градинка да ги отвори вратите за најмладите граѓани до крајот на оваа календарска година, а најдоцна во првиот квартал од 2026 година. Работиме посветено за секое дете да има топол, безбеден и квалитетен простор за раст и развој, објави премиерот Мицкоски од Битола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk