logo
logo
logo

СЕ ПРОШИРУВА ПАЗАРОТ НА СТРУЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТРГОВЦИ, од 1 јуни ќе снабдуваат нови 1.000 потрошувачи од Косово

Vecer | 13.05.2025

СЕ ПРОШИРУВА ПАЗАРОТ НА СТРУЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТРГОВЦИ, од 1 јуни ќе снабдуваат нови 1.000 потрошувачи од Косово

Македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија oд 1 јуни ќе имаат можност да снабдуваат нови 1.000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде што стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазарот со електрична енергија, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Косовскиот пазар на струја е отворен за македонските трговци од 2023 година кога е потпишан меморандум за взаемно признавање на лиценците за снабдување и трговија со струја меѓу регулаторните тела на двете земји.

Вчера пред македонските снабдувачи со струја, косовскиот регулатор ги презентира и чекорите како тие  полесно да пристапат на пазарот.

Од Регулаторната комисија велат дека трговците треба да ја искористат можноста да продаваат дополнителни количини на струја во Косово.

– Поголем пазар, носи поголема конкуренција, а бенефитот е пониски цени за електрична енергија. Сега за помалку од еден месец, односно од 1 јуни ќе бидат на располагање дополнителни 500 GWh со кои ќе може да се тргува на слободниот пазар на Косово и ова е одлична бизнис можност за нашите снабдувачи и трговци – изјави  претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Претседателот на косовскиот регулатор – Канцеларија на енергетскиот регулатор од Република Косово (ЕРО) Имер Фејзулаху им посака добредојде на македонските снабдувачи истакнувајќи дека тие имаат повеќе искуство со оглед на тоа дека македонскиот пазар е одамна либерализиран.

– Ова е само меѓу чекор кон приклучување кон единствениот пазар кој го бара од нас Европската Унија. Во прилог на сите ни е да има намалени административни бариери, а зголемена конкуренција – изјави Фејзулаху.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk