logo
logo
logo

Америка го ЗАБРАНУВА УВОЗОТ на кинески OLED екрани на 15 години?

Vecer | 16.08.2025

Америка го ЗАБРАНУВА УВОЗОТ на кинески OLED екрани на 15 години?

Поради кражбата на трговските тајни на Samsung, BOE веројатно нема да може да ги увезува своите OLED екрани во САД со години.

Samsung наскоро би можел да извојува важна правна победа против кинескиот производител на екрани BOE, откако Комисијата за меѓународна трговија на САД (ITC) прелиминарно одлучи да го забрани увозот на OLED екраните на BOE во САД за период од 14 години и 8 месеци.

Сè започна пред две години кога Samsung поднесе тужба против BOE, тврдејќи дека кинеската компанија дошла до своите решенија со нелегално користење на трговски тајни.

Според извори блиски до случајот, ITC утврди дека BOE и седум поврзани компании го прекршиле Законот за царини на САД со продажба на екрани развиени врз основа на доверливата технологија на Samsung.

Иако оваа одлука сè уште не е конечна и конечната пресуда се очекува во ноември, аналитичарите веруваат дека е многу сигурно дека забраната ќе биде потврдена.

Доколку навистина се оствари, забраната би претставувала значаен удар за BOE, која во последните години се натпреваруваше со Samsung не само по цена, туку и по квалитет.

Покрај тоа, BOE сигурно би изгубил одреден дел од своите големи американски клиенти, како што се Apple, HP и Dell, кои би биле принудени да нарачуваат екрани од Samsung и LG.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk