logo
logo
logo

Владата објави повик за две мерки за поддршка на почнување сопствен бизнис

Vecer | 09.06.2025

Владата објави повик за две мерки за поддршка на почнување сопствен бизнис

Објавен е повикот од Оперативниот план за вработување за 2025 година што се однесува на две мерки, едната за лица над 29 години која предвидува 430.500 денари (7 000 евра) грант за основање сопствен бизнис како и дополнителни до 250.000 денари за лица со попреченост, и втората за лица до 29 години што предвидува до 615.000 денари (10 000 евра) за почнување бизнис.

Како што соопшти денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, повикот ќе трае до 20 јуни, а може да аплицираат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, рурални жени, корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, жени жртви на семејно насилтсво, повратници од странство и граѓани кои сакаат да ја формализираат дејноста.

Двете мерки предвидуваат и обука за претприемништво, изработка на бизнис план и шестмесечно менторство.

Нашата цел е јасна, да поддржиме што повеќе граѓани кои сакаат да градат нешто свое на одржлив и легален начин. Ова не е само финансиска помош, туку и директна инвестиција во потенцијалот на граѓаните и развојот на економијата. Ова не е само ветување, туку создавање реални можмности за вработување и развој – истакна Дурмиши на прес-конференција во Владата.

Од повикот, рече, се исклучени дел од земјоделските активности, такси превозот, игрите на среќа, осигурувањето и посредувањето при работување, а за лицата со попреченост и руралните жени се предвидени исклучоци согласно регулативата.


Share

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk