logo
logo
logo

Еве КОЛКУ ДЕНЕС БИ ЧИНЕЛ СТОКЕЦОТ: Ако околу 2.000 долари пред пола век, А СЕГА

Vecer | 04.04.2025

Еве КОЛКУ ДЕНЕС БИ ЧИНЕЛ СТОКЕЦОТ: Ако околу 2.000 долари пред пола век, А СЕГА

Автомобилот „Застава 101“, популарно познат како Стоеден или Кец, се произведуваше во Крагуевац од 1971 до 2008 година, освен во поранешна Југославија, се возеше и во соседните земји, но и низ светот.

Автомобилот „Застава 101“ беше создаден врз основа на тогашниот технички многу модерен Фиат 128, со малку изменет заден дел и беше еден од првите автомобили произведени во хечбек варијантата што преовладува денес.

Пет врати тогаш беа реткост, а „Застава 101“ беше привлечен за купувачите поради неговиот дизајнерски пробив, и поради поволната цена.

Овој модел брзо стана најпродаваното возило на Застава во поранешна Југославија, а поради пристапната цена постигна значителен извозен успех, пред се во источноевропските земји, но и во целиот свет.

Фејсбук страницата „Застава 101 форум“ објави клип од магазинот АВТО кој е објавен во далечната 1972 година, практично на самиот почеток на продажбата на овој модел, во кој се наведува дека тогашната цена била 40.040 динари или околу 2.000 долари.

Кога ќе се земе предвид инфлацијата за претходните 50 години, се доаѓа до бројката дека денес Застава 101 би чинел точно 16.179 долари, односно 14.953 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk