Американскиот бизнисмен Илон Маск и понатаму е најбогатиот човек на светот, а вредноста на неговиот имот се проценува на 232 милијарди долари.
Според најновата листа на милијардери на Блумберг, богатството на Маск се зголемило за 95 милијарди долари за една година. На второ место е извршниот директор на ЛВМХ, Бернард Арно, со богатство од 167 милијарди долари.
На третата позиција е основачот на Амазон, Џеф Безос, со имот вреден 151 милијарда долари, потоа основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс со 124 милијарди долари и извршниот претседател на компанијата Оракл, Лери Елисон, со 121 милијарди долари.
На шестото место е ко-основачот на Гугл, Лери Пејџ, со имот од „тешка“ 118 милијарди долари, а само чекор зад него е познатиот инвеститор Ворен Бафет, чие богатство вреди 117 милијарди долари.
Потоа доаѓа уште еден ко-основач на Гугл, Сергеј Брин е на осмото место со 112 милијарди долари, а на деветтата позиција е поранешниот извршен директор на Мајкрософт, Стив Балмер, со 110 милијарди долари.
Листата на 10-те најбогати луѓе во светот го „затвора“ сопственикот на компанијата Мета, Марк Цукерберг со имот од 109 милијарди долари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата