logo
logo
logo

ЕКОНОМСКИ БУМ ВО МАРКЕТИТЕ: Прометот во трговијата на мало со храна и пијалаци номинално скокна за 17,3 проценти

Vecer | 27.05.2026

ЕКОНОМСКИ БУМ ВО МАРКЕТИТЕ: Прометот во трговијата на мало со храна и пијалаци номинално скокна за 17,3 проценти

Во април годинава во однос на април лани реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во трговијата на мало во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17.3  проценти, а реално за 11.3 проценти, а во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 1.1 процент, а реално е зголемена за 5.2 проценту. Во Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 8.6 проценти, а реално за 9.3 проценти, а во Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 19.4 проценти, а номинално за 1.8  проценти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk