logo
logo
logo

Еден месец за пријавување, а од следниот месец надоместок од 9.242 денари за 1.100 стечајци

Vecer | 04.08.2021

Еден месец за пријавување, а од следниот месец надоместок од 9.242 денари за 1.100 стечајци

Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, попознат како закон за стечајци, стапи во сила откако пред една недела Собранието едногласно го донесе.

Околу 1.100 стечајни работници со стаж, од најмалку 14 години, имаат рок од 30 дена да се пријават во Агенцијата за вработување за да добиваат паричен надомест од 9.242 денари до пензионирањето или до новото вработување.

Со новиот закон се овозможува материјално обезбедување на лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај ликвидација или технолошки вишок, во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација, доколку не го промениле единствениот матичен број на субјектот, а во случај на промена истите да произлегуваат од претпријатието со доминантна сопственост на државата, во периодот од 1 јануари 1993 до 31 декември 2020 година.

Со првиот закон, со кој се обезбедуваат овие работници надомест, им следуваше на само 4.000 лица. Со последните измени на Законот, од 2017 година, до денес решен е статусот на околу 13.000 стечајци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk