logo
logo
logo

Халкбанк Back to school шопинг со топ брендови и 3% поврат при плаќање со картичка

Vecer | 30.08.2025

Халкбанк Back to school шопинг со топ брендови и 3% поврат при плаќање со картичка

Подготовките за новата учебна година секогаш носат динамика и потреба за внимателно планирање на шопингот. Халкбанк им овозможува на своите клиенти да уживаат во безгрижно и паметно пазарување со специјалната Back to school кампања, во рамки на која сите корисници на кредитни картички на Халкбанк добиваат 3% поврат од секоја трансакција направена при онлајн купување во избраните е-commerce продавници.

За сите ученици и родители, но и за оние кои сакаат да ја обноват својата гардероба или да набават книги и канцелариски материјали, Халкбанк обезбедува 3% поврат во вид на бонус поени за секоја трансакција направена онлајн преку интернет страниците на Office Plus, Zafir Komerc, Matica, Reserved, Sinsay, Cropp, Housebrand и Mohito. Со само неколку клика, клиентите можат да направат избор, да ја завршат нарачката и да платат со кредитна картичка на Халкбанк и да добијат 3% поврат во вид на бонус поени.

Бонус програмата на Халкбанк е создадена за да ги наградува лојалните клиенти. Со секое купување со кредитна картичка на одредени продажни места, бензински пумпи, аптеки, продавници и веб продавници, клиентите добиваат одреден процент од вредноста на трансакцијата во форма на бонус поени на својата картичка. Еден бонус поен вреди еден денар, а акумулираните поени потоа можат да се искористат при следни пазарувања на било кое продажно место на ПОС терминал на Халкбанк.

Со оваа кампања, подготовките за новата учебна година стануваат поедноставни, поисплатливи и поудобни. Клиентите имаат можност да купуваат кај најдобрите брендови, да ја почувствуваат удобноста на онлајн шопингот и да уживаат во дополнителниот поврат што ја прави секоја трансакција повредна. Со Халкбанк, секое плаќање вреди повеќе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk