logo
logo
logo

Војната со Иран закана за инфлацијата и растот во Еврозоната

Vecer | 03.03.2026

Војната со Иран закана за инфлацијата и растот во Еврозоната

Конфликтот меѓу САД и Израел против Иран може да предизвика значителен скок на инфлацијата во Еврозоната и забавен економски раст, предупреди главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ) Филип Лејн во интервју за Фајненшнал тајмс.

– Зголемувањето на цените на енергијата врши притисок врз инфлацијата, особено на краток рок, а таков конфликт би бил негативен за економската активност – вели Лејн, додавајќи дека обемот на влијанието би зависи од ширината и времетраењето на конфликтот.

Претходните анализи на ЕЦБ покажуваат дека одржливиот скок на цените на нафтата, каков што веќе се забележува поради воените дејствија, би можел да ја зголеми инфлацијата за околу 0,5 процентни поени и да го намали растот за 0,1 процентен поен.

Цените на нафтата пораснаа за повеќе од 10% минатата недела поради ескалацијата на конфликтите во регионот.

Инфлацијата во еврозоната моментално изнесува 1,7%, под целта на ЕЦБ од 2%, што укажува дека мал скок на цените на енергијата веројатно нема да предизвика непосредни промени во монетарната политика.

Лејн додаде дека ЕЦБ се стреми да гледа подалеку од краткорочните осцилации на цените на енергијата, сè додека тие не влијаат на долгорочните инфлациски очекувања и базичната инфлација.

Пазарите моментално очекуваат депозитната стапка на ЕЦБ да остане на 2% во текот на целата година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk