logo
logo
logo

До кога ЌЕ ПАЃА ЦЕНАТА НА ГАСОТ во Европа

Vecer | 11.12.2023

До кога ЌЕ ПАЃА ЦЕНАТА НА ГАСОТ во Европа

Цената на гасот на европската берза ТТФ денеска падна под 37 евра за мегават час, што е најниско ниво за последните два месеци.

Според податоците на лондонската берза ICE, европските фјучерси на гас се продаваа денеска во 10:27 часот по цена од 36.505 евра за мегават-час.

Аналитичарите на агенцијата Capital Economics предвидуваат дека цените во Европа би можеле да паднат уште пониско во блиска иднина поради намалената побарувачка и големите залихи, пишува Wall Street Journal.

„Капитал економикс“ очекува дека гасот во Европа на крајот на 2024 година ќе се продава по цена од 32 евра за мегават-час.

Асоцијацијата на оператори со гасна инфраструктура на Европа (ГИЕ) минатата недела објави дека моменталната зафатеност на европските гасни капацитети е 93,31 отсто, објавија медиумите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk