logo
logo
logo

SEPA трансфери во 40 земји членки како нов чекор кон европските стандарди и дигиталното банкарство

НАЈБРЗО, НАЈЕДНОСТАВНО И ЕФТИНО: Испрати пари преку ХАЛКБАНК

Vecer | 07.10.2025

НАЈБРЗО, НАЈЕДНОСТАВНО И ЕФТИНО: Испрати пари преку ХАЛКБАНК

Халкбанк АД Скопје, од 7 октомври 2025 година, започнасо вршење кредитни трансфери во евра преку SEPA (Single Euro Payments Area) шемите на плаќање, овозможувајќи им на своите клиенти побрз, поедноставен и сигурен начин за трансфер на средства кон и од 40 земји членки.

Со воведувањето на SEPA трансферите, банката ја потврдува својата определба да ги следи современите финансиски трендови и да обезбедува решенија кои ги усогласуваат европските стандарди со потребите на локалните клиенти.

SEPA овозможува поефикасни, поевтини и безбедни плаќања во евра, како за правни, така и за физички лица, со фиксни провизии од 250 денари за испраќање и 200 денари за примање средства, без разлика на износот на трансакцијата.

Халкбанк е современа дигитална банка со широк спектар онлајн производи и услуги, кои им овозможуваат на клиентите да управуваат со своите финансии од било кое место и во секое време.

Банката нуди e-banking решенија, дигитални кредитни и платежни услуги, како и иновативни алатки за персонализирано управување со финансиските текови. Воведувањето на SEPA трансферите е природен продолжеток на оваа стратегија, овозможувајќи трансакции кои се брзи, сигурни и целосно дигитализирани.

Со SEPA трансферите, Халкбанк ја зацврстува својата улога како водечка дигитална финансиска институција која постојано ги следи трендовите и создава решенија прилагодени на потребите на клиентите.

Сите услуги се развиени со фокус на удобноста и сигурноста на корисниците, овозможувајќи им секојдневното управување со финансии да биде едноставно и безгрижно, затоа што за Халкбанк - Важни се луѓето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk