logo
logo
logo

Халкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот

Vecer | 17.06.2026

Халкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот

Халкбанк АД Скопје продолжува да ја збогатува својата понуда на инвестициски услуги, овозможувајќи им на клиентите директен пристап до Истанбулската берза - една од најдинамичните и најбрзорастечки берзи во светот.

Со оваа нова можност, клиентите на Банката добиваат пристап до пазар кој претставува мост меѓу Европа и Азија и кој нуди широк спектар на инвестициски можности, од акции на водечки компании и удели во ЕТФ фондови, до други финансиски инструменти достапни на турскиот пазар на капитал.

Истанбулската берза, официјално позната како Borsa Istanbul (BIST), денес е дом на повеќе од 650 компании од различни индустрии, од банкарство, енергетика и автомобилска индустрија, до воздухопловство, технологија и телекомуникации. Со значителна пазарна капитализација која се мери во стотици милијарди долари и висока ликвидност, таа се вбројува меѓу најатрактивните пазари во развој за инвеститорите ширум светот.

Преку новата услуга на Халкбанк, македонските инвеститори добиваат можност да инвестираат во акции на некои од најпознатите турски и регионални компании.

Дополнителна предност за инвеститорите е можноста за диверзификација на нивните вложувања преку изложеност на различни сектори и компании со значително регионално и меѓународно присуство. Воедно, Истанбулската берза нуди пристап до компании кои бележат континуиран раст и развој, што создава дополнителен потенцијал за остварување принос на долг рок.

„Како банка која постојано ги следи потребите на клиентите и трендовите на финансиските пазари, наша цел е да обезбедиме современи инвестициски решенија и нови можности за раст на капиталот. Пристапот до Истанбулската берза претставува значајно проширување на нашата понуда и дополнителна можност за клиентите кои сакаат да ги диверзифицираат своите инвестиции и да станат дел од успешни компании кои го движат економскиот развој на регионот", велат од Халкбанк.

За македонските инвеститори, турскиот пазар има и дополнителна предност. Турција е еден од најзначајните економски партнери на земјава, а голем број турски компании и брендови се веќе добро познати на домашниот пазар. Ова создава поголема доверба и придонесува инвеститорите полесно ги препознаат можностите и потенцијалот на компаниите во кои вложуваат.

Тргувањето се одвива преку целосно оптимизиран систем, со професионална поддршка од тимот на Халкбанк, ниски трансакциски трошоци и максимална транспарентност. Повеќе информации за можностите за инвестирање и условите за тргување заинтересираните клиенти можат да добијат од тимот за брокерски услуги на Халкбанк или на е-mail [email protected].

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk