Норвешките пратеници вчера го потврдија воведувањето на туристички данок за да помогнат во финансирањето на надградбите и подобрувањата на инфраструктурата.
Патем, ова се случува во време кога таа земја бележи вистински туристички „бум“, што носи сериозни последици.
Новиот закон предвидува данок од три проценти за сместување, а би можел да се примени и на крузерите што се закотвуваат по должината на брегот, особено во областите погодени од голем прилив на туристи.
Минатата година, Норвешка забележа рекордни 38,4 милиони ноќевања, од кои 12 милиони беа направени од странски туристи, според официјалните податоци.
Норвешките фјордови и живописната природа привлекуваат сè поголем број посетители.
Сепак, јавните тоалети и паркинг местата се под опсада на туристите, што често води до конфликти со локалното население. Собраните средства ќе бидат исклучиво наменети за подобрување на туристичката инфраструктура.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата