„Со задоволство сакам да споделам дека реконструкцијата на Центарот за спорт и рекреативни активности (поранешната боксерска сала) веќе е во полн ек!
Овој проект, поддржан од првиот повик на Владата со инвестиција од над 40 милиони денари, започна во март 2025 година.
Работите напредуваат согласно планот, и очекуваме Центарот да биде целосно завршен и пуштен во употреба во првиот квартал на 2026 година. Овој простор ќе донесе нова енергија за спортување, дружење и здрав живот за сите нас!“, објави премиерот Мицкоски од Битола.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата