logo
logo
logo

РАСТ ОД ДУРИ 149%

Vecer | 27.05.2025

РАСТ ОД ДУРИ 149%

Извозот на швајцарски часовници во Соединетите Американски Држави во април се зголеми за дури 149,2 проценти на годишно ниво поради стравот од понатамошно зголемување на царините од страна на Трамп, објави денес Федерацијата на швајцарската индустрија за часовници (FH).

Вкупната вредност на извозот на швајцарски часовници се зголеми во април на 18,2 проценти на годишно ниво, на 2,5 милијарди франци.

Швајцарија во април извезе часовници во вредност од 851,9 милиони франци во САД, што претставува една третина од вкупниот извоз на часовници, додека извозот во Кина се намали за 30,5 проценти на годишно ниво.

Вкупниот број на извезени швајцарски часовници се зголеми за 6,4 проценти на 1,3 милиони единици, при што најмногу порасна продажбата на челични часовници.

Особено, продажбата на најскапите модели во вредност од 3.000 франци и повеќе скокна за 22,9 проценти на годишно ниво, додава FH на својата веб-страница.

Федерацијата на швајцарските часовници наведува дека понатамошната динамика на извозот ќе зависи од стабилизацијата во Азија и понатамошниот развој на царините на клучните пазари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk