logo
logo
logo

Вработените во ЕУ се соочуваат со РИЗИК ОД СИРОМАШТИЈА

Vecer | 05.11.2025

Вработените во ЕУ се соочуваат со РИЗИК ОД СИРОМАШТИЈА

Во Европската Унија, 8,2 проценти од граѓаните кои спаѓаат во категориите вработени или самовработени се соочуваат со ризик од сиромаштија, се наведува во податоците на Евростат.

Податоците покажуваат дека работата не секогаш гарантира финансиска сигурност и дека дури и оние кои работат можат да живеат под линијата на сиромаштија.

Жените се малку помалку изложени на ризик од мажите, со стапка на ризик од 7,3 проценти, додека стапката за мажите е девет проценти.

Трендовите покажуваат дека постои значителна разлика меѓу половите во многу земји од Европската Унија, но и исклучоци каде што жените се повеќе погодени.

Најголем број вработени лица кои се изложени на ризик од сиромаштија е денес во Луксембург со 13,4 проценти, додека најнизок е во Финска, само 2,8 проценти.

Во 22 од 27 земји во Европската Унија, стапката на ризик од сиромаштија кај вработените е поголема кај мажите отколку кај жените, а најголемата разлика е регистрирана во Романија и изнесува 8,1 процент.

Спротивно на тоа, во Чешка, Латвија, Кипар и Луксембург, жените кои работат се изложени на поголем ризик од сиромаштија од мажите, според податоците на Евростат, пренесува Танјуг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk